Sporthy – СПОРТСКИ НАСТАНИ НАЈБЛИСКУ ДО ТЕБЕ!
Fundraising campaign by
Damjan Janevski
-
US$10.00Donated So Far
• Спорти е технолошка апликација наменета за олеснување на процесот на организација на групни спортски активности помеѓу рекреативните спортисти. Преку апликацијата луѓето кои сакаат да спортуваат одреден спорт во одреден момент лесно можат да најдат сала и активност во својата околина. Ова е особено предност за луѓето кои немаат своја екипа, а сакаат да играат некој групен спорт во одреден ден и час.
• Секој што е заинтересиран може да креира свој профил во апликацијата, со своја слика и податоци. Преку опцијата за барање може да најде спорт кој сака да го игра во моментот и ќе се понудат најблиските објекти во кои има организирано термини за играње. Може да види каде има слободно место за играње и да избере екипа на која сака да се приклучи. Од друга страна може да избере термин и да организира игра и да покани луѓе да се приклучат во играта, како и да одобри или одбие луѓе кои не се поканети меѓутоа пратиле барање да се приклучат во некоја екипа. Секој профил со време се гради со рејтинг поени. Рејтинг поените се добиваат од останатите учесници во играта независно дали се од истата или противничката екипа. Нема известување кој на кого колку рејтинг поени има дадено, секој играч за себе може да види само колку изнесува сопствениот рејтинг.
• Во моментот креатор, менаџер и сопственик на апликацијата е Дамјан Јаневски, кој е искусен девелопер и маркетер на социјални мрежи. За маркетинг делот е задолжена Анастасија Јаневска која е дипломиран економист на смерот Е-бизнис и чии одговорности ќе бидат маркетинг, продажба и управување на односи со надворешни соработници.
Organizer
- Damjan Janevski
- Campaign Owner
No updates for this campaign just yet
Donors & Comments
- Aleksandar Krstevski
- Donated on Mar 06, 2020